Две лица загинале во пукање во Братислава, пред бар во кој се собираат припадници на ЛГБТ популацијата, додека уште едно лице е рането, а осомничениот напаѓач утрово е пронајден мртов, соопштила полицијата.
Нападот се случил во средата навечер во близина на барот Тепларен, во близина на главниот град на Словачка, пренесува „BBC“.
Информациите за мотивот не се објавени, но локалните медиуми јавуваат дека осомничениот напаѓач на социјалните мрежи објавувал постови кои укажуваат на ставови против ЛГБТ и Евреите.
Се наведува дека момчето во словачките медиуми исто така било идентификувано како син на поранешен кандидат на една крајно десничарска политичка партија.
Премиерот Едуард Хегер денеска го осудил нападот, велејќи дека било каков облик на екстремизам е неприфатлив, а претседателката Зузана Чапутова ги повикала политичарите во земјата да не шират омраза.
📸
Be the first to write a comment.