За влакно е избегната поголема трагедија во Старата скопска чаршија. Брзата реакција на противпожарната едниница, спречила огнот да се прошири во целиот објект и да ги зафати околните. Десетици луѓе вдишале чад, дел завршиле во болница, останатите по укажаната помош се пуштени дома, објави телевиизја Телма.

Пожарот се случил во хотел „Буши“ во попладневните часови, а според информациите од противпожарната служба, тој избил на неколку места. Чад и скршени стакла, низ кои гостите бегале од огнот.

– Во турканиците, 70- тина завршиле со повреди. Лекарите интервенирале кај 28 луѓе, на 19 им била пружена медицинска помош на лице место, а 9 завршиле во болница. Шестмина се на Токсикологија, а другите тројца во градската болница „8ми септември“, информираат за Телма од Брзата помош. Настрадале и тројца пожарникари.