Утрово камион со странски регистарски таблички пропадна во централниот дел од подната фонтана на плоштадот Македонија во Скопје при што освен фонтаната, забележливо беше и ошететувањето на возилото, објави Слободен печат.

На местото пристигнаа полицајци кои разговараа со лицата од возилото и за случајот ќе се прави записник.

Подната фонтана на плоштадот Македонија не работи неколку лета, а често се оштетува и од возила на градската чистота и од превозници кои добиваат специјални дозволи за движење низ плоштадот заради завршување на некои работи.

Пропадна возило во фонтаната на плоштад/Фото: Слободен печат/Марина Дамческа

Дали во овој случај превозникот имал дозвола за движење низ плоштадот или случајно залутал, ќе информираат градските власти.