Медицинските сестри кои ја малтретираа и удираа старицата во Домот за стари лица Оренда во Пеќ остануваат во притвор.
Да потсетиме, тие беа уапсени на 2 ноември поради сомнение за физичко насилство врз постара жена. Апелациониот суд на Косово ја потврди одлуката на Основниот суд во Пеќ за мерката притвор од 30 дена за медицинските сестри, кои на почетокот на месецов беа уапсени за малтретирање на постара жена, жителка на Домот за стари лица во Пеќ.
Така, Апелациониот суд одби ослободување од притвор на три медицински сестри – А.П., А.Р., и Р.К.
Сега и Апелациониот суд смета дека ако една од медицинските сестри е на слобода, постои опасност да влијае врз сведоци или да влијае врз жртвата.
Овој суд ја потенцира можноста за нивно влијание врз колешката од Домот за стари лица, која била единствен директен сведок на настанот.
Истиот ден на социјалните мрежи беше објавено видео со оваа сцена на насилство врз старица, а една од уапсените медицински сестри е сестрата кој го направила видеото.
Оваа вест предизвика бурни реакции кај локалната и регионалната јавност, а истиот ден со осуди се огласија косовски претставници, поединци и бројни здруженија.
Be the first to write a comment.