Четири деца на возраст од шест месеци до пет години загинаа во пожар што рано утринава се случи во станбена зграда во Нови Пазар.

Нивните родители со тешки повреди се пренесени во болница и лекарите се борат за нивниот живот.

Пожарот се случил околу 7 часот во стан на улица 12. Српска бригада.

Иако противпожарните бригади брзо пристигнале на местото на настанот, за децата немало спас.

Пред зградата каде што избувна пожарот се уште има голем број пожарникари и екипи на брзата помош.

📸

📸

📸