Хрватските медиуми јавуваат за тешка сообраќајна несреќа во која се повредени пове лица. Истата се случила на раскрсницата меѓу „Селска“ и „Јадранскиот мост“ во главниот хрватски град Загреб, нешто пред полноќ.

На терен излегле неколку противпожарни возила и амбулантни возила.

– Како што дознаваме судирот бил меѓу личен автомобил и такси, има повредени и им е укажана помош во Брза помош. Пожарникарите извлекуваат едно лице од автомобилот, објави синоќча порталот 24сата.

– Слушнавме кочење и шкрипење гуми, а потоа силен тресок. Се слушна и кршење на стакло. Беше навистина морничаво – раскажуваат жители од околните згради. Велат дека брзата помош дошла навистина брзо.

– Дојдоа под сирени, а потоа пристигнаа и пожарникарите. Сè беше сино од нивните светла. Пожарникарите помогнаа да го извлечат таксистот. Не знаеме што се случи потоа, но беше страшно, навистина страшно – додадоа соговорниците на 24 сата.

Малку по полноќ со противпожарни возила тргнала брзата помош кон болницата, а пред нив заминале две возила со пожарникари. Полицијата остана на терен да ги истражува и утврдува причините за несреќата, по што ќе има повеќе информации.