Голем пожар ја зафати Пула. Според информациите на хрватските медиуми изгорени се повеќе куќи и автомобили, а поголем дел од градот е без електрична енергија.
Поради пожарот затворени за сообраќај се голем дел од патиштата во регионот. Пожарот го гасат педесетина пожарникари со 20 возила и со три канадери.
Силната бура го носи пламенот наоколу и го отежнува гасењето на пожарот, а од местото на пожарот постојано се слушаат експлозии. Луѓето почнаа да ги напуштаат своите домови заради сопствена безбедност.
Истарската полиција известува дека поради пожарот Премантурска цеста и патот од Винтијан кон Каштијун се затворени за секаков сообраќај.
Најдраматична е ситуацијата на подрачјето меѓу Винтија и Долинка, каде луѓето се евакуирани, а во гаснењето на пожарот помагаат и локалните жители.
Неофицијално се дознава дека изгореле и две стари куќи и напуштени возила. Во пламен е и трафостаница, па поголемиот дел од Пула е без струја, поради силниот ветер пожарот брзо се шири и моментално е меѓу куќите.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.