Товарен и патнички воз се судрија во околината на Новска во Хрватска, најмалку шест лица загинаа, а во тек е и спасувањето на заглавените под урнатините на возот. Неофицијално дознаваме дека во товарниот воз имало мигранти, објави Дневник.хр.

– Според нашите информации, најмалку шест лица загинале во судар на два воза кај Новска. Дознаваме дека во товарниот воз имало и луѓе, очигледно мигранти, објави Дневник.хр.

– Живеам во близина. Дојдов таму половина час, повеќето се млади луѓе. Изгледа страшно. Страшно, болно, морав да заминам од таму. Огромна трагедија, луѓето плачат, викаат… Ужас“, велат сведоците на несреќата за 24 часа.

Во болницата во Нова Градишка се донесени 11 повредени.