Во областа Кавала се слушаат сирени по падот на украинскиот авион Антонов во Палеохорија. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, пилотот побарал итно слетување. Авионот, кој наводно имал рута од Србија до Јордан или Иран, се урнал во близина на Кавала во Грција.
Инцидентот се случил нешто пред 23 часот, јавуваат грчките медиуми.
Според командантот на АЦВ, Константинос Ликаракос, авионот, кој најверојатно е товарен и се урнал на 40 километри од аеродромот во Кавала на пат од Србија кон Јордан, пријавил штета во атинскиот FIR и сакал да слета во Кавала.
Сепак, авионот се урнал, пренесува Прототема.
Извештаите покажуваат дека авионот го загубил четвртиот мотор во воздух и се запалил. Останува непознато колку луѓе имало во авионот и дали се урнал во станбена зона.
Според градоначалникот на општина Пангеа, станува збор за авион кој превезувал муниција.
На местото на падот на засега непознатото летало се наоѓаат противпожарни екипи и возила за итни случаи, пишува protothema.gr.
Во околните градови прекинато е снабдувањето со електрична енергија.
Be the first to write a comment.