Претставничката на Шведска, Лорин, победи на овогодинешното издание на „Евровизија“, со „Тетоважа“ (Tatoo).
Пејачката на својата земја и донесе најмногу поени од гласањето на националните жирија (340), а потоа и поддршка од гласањето на публиката (243). Таа беше и фаворит за победа, според прогнозите на следачите на евровизиските фанови.
Ова е втора победа на Лорин, седма на Шведска. Таа ја освои публиката и во 2012 година со песната „Еуфорија“, која потоа беше една од најслушаните евровизиски песни.
Be the first to write a comment.