Васко Довле од Варош го фати крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Тој беше најснаодлив и најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи кои запливаа во осветените студени води на Охридското Езеро.

Одбележувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржува во организација на Дебарско – кичевската епархија и локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст Охрид, нуркачките клубови, здравствените установи, ТППЕ Охрид, СВР Охрид.