Официјалните македонски делегации ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во 9 часот, а тричлената бугарска во 12 часот

Веројатно ќе бидат избегнати ситуациите кои можат да бидат провокативни и од сериозен безбедносен ризик откако утринава се дозна дека оној што најмногу провоцираше досега – европратеникот на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски, нема да се упати кон Скопје на одбележувањетоп на денто на раѓањето на Гоце Делчев. Наводно, тој требало да оди на пат кон во Европскиот парламент.

Според она што се знае, од Бугарија ќе дојдат околу сто луѓе организирано со автобуси да одаддат почит. А ќе има и официјална тричлена бугарска делегација предводена од министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, во која ќе биде и министерот за здравство и бугарскиот амбасадор во Скопје.

Официјалните македонски делегации во кои ќе бидат и претседателот и премиерот ќе положат цвеќе во 9 часот, а бугарската делегација тоа ќе го направи во 12 часот.

Од утринава Скопје постојано е надлетуван со хеликоптер.