Вчера вечер е претепан новинарот Зоран Божиновски. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во болница.

– Божиновски во изминатиот период објави серијал за наводен криминал во РЕК Битола и ЕСМ, објави порталот Инфомакс.

Според првичните информации, кои на својот ФБ профил ги објави Љупчо Палевски, Божиновски бил претепан пред својата зграда.

Засега Божиновски се нема огласено. Ова не е првпат новинарот да е мета на физички напад.