











25 годишната девојка што беше застрелана од 38 годишниот маж во Велес е во стабилна состојба, жената била со прострелна рама во долниот дел на абдоменот информираат утринава за Канал 5 од Ургентниот центар во Скопје.
Мажот, си го одзеде животот во неговиот стан на улица „Андон Шурков“, откако истиот ден тешко ја повреди невенчаната сопруга.






Според полицијата вчера околу 8 часот наутро во Свр Велес, од итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25–годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг и дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од Општата Болница Велес, како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, повредената во болница била донесена со итна помош во 08:30 часот.






Жената била донесена во тешка состојба со прострелна рана во долниот дел на стомакот. по направените лабораториски испитувања, а поради тежината на повредата во тешка животозагрозувачка состојба била препратена во ургентниот центар на скопските клиники.




Be the first to write a comment.