Окружното обвинителство во Софија покренало предистражна постапка за смртна закана упатена кон претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, пренесува БГНЕС.

Како што информира портпаролката на Јавното обвинителство, Сијка Милева, Пендиков поднел пријава до Генералната дирекција за борба против организираниот криминал (ГДБОП) при бугарското Министерството за внатрешни работи дека во објава на социјална мрежа „му била упатена заканувачка порака на македонски јазик“, како и дека на интернет биле објавени негови фотографии со повици за „насилство врз него“.

Според Милева, надлежниот јавен обвинител наредил ГДБОП да извиши увид по пријавата.

„Обвинителството на Република Бугарија ја претвори во своја кауза поведувањето постапки против злосторствата од омраза, со кои се соочува и целата европска заедница“, додаде Милева.

Се огласи македонскиот адвокат Јанаки Митровски

– Софиското обвинителство отворило предистрага за смртни закани наспрема Пендиков пратени електронски. Мораме да се воздржиме од таков тип на закани и глупости прво затоа што не личи на ништо второ затоа што од него правите херој, а не е, и трето затоа што ќе ни го вадат од нос.

Е сега има мал проблем. За да гони некој наш државјанин Софија, тогаш тој наш државјанин треба да стори дело на територија на Бугарија или наспрема бугарски државјанин. А Пендиков бугарски државјанин НЕ Е!, напиша Митровски.