Во ХАМБУРГ вечерва имаше масовно пукање, каде загинаа неколку лица. Полицијата на Твитер објави дека е во тек голема операција во областа Алстердорф. Билд пишува дека најмалку 7 лица се мртви. Полицијата подоцна извести дека верува дека станува збор за изолиран напад.

Сите загинати имаат рани од куршуми. Германските медиуми јавуваат дека сите жртви биле застрелани. Градоначалникот на ТХамбург Петер Шенчер, преку Твитер вечерва мапиша:

„Веста од Алстердорф е шокантна. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите“, напиша тој меѓу другото.

Напаѓачот е мртов?

Германските медиуми пренесуваат полициски информации од терен и наведуваат дека нема индиции дека сторителот е во бегство.

„Постои можност сторителот да е во храмот, можеби и меѓу загинатите. Лицето кое се наоѓа во горниот дел од зградата е можен сторител, односно еден од нив“, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата нема информации за мотивот на злосторството. „Засега нема сигурни информации за мотивот на злосторството. Ве молиме да не споделувате неверодостојни претпоставки и/или да ширите гласини“, соопшти полицијата во Хамбург.