Полициски службеник е повреден синоќа во пукање во скопски Чаир, јавува Фокус. Според порталот, во моментот на инцидентот полицаецот бил на службена должност.
Според неофицијални информации, повредениот го познавал лицето кое во него пукало.
Од МВР пак само кусо соопштуваат дека имало пукање при кое е повредено лице со иницијали Р.М.
-На 03.09.2022 во 21.16 ч од УЦ- Мајка Тереза пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.Методија Митевски во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Be the first to write a comment.