Официјално, еден од затворските службеници кои го превезувале грабнатиот затвореник од затворот Идризово е застрелан во инцидентот кој се случи кратко пред полноќ вечерва.

Напаѓачите биле вооружени, го застанале комбето со патничко возило “ауди” со сива боја, под закана го одземале оружјето на двата службеници и со службеното оружје е застрелан еден од полицајците.

Како што се дознава, станува збор за затвореникот со иницијали М.Б. од Тетово кој во затворот Идризово издржувал казна за убиство во висина од 20 години.

Повредениот службеник е префрлен во болница, пукано е во него во нога и за среќа нема човечки жртви во немилиот настан.

📸

📸

📸