Утре продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп, соопштија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“.

– Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести.

Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада, стои во нивната информација