Две лица со тешки телесни повреди се пренесени на Ургентен, откако пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 ги пресретнале на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале.
Двајцата повредени се припадници на МВР и тоа во специјалните единици на полицијата. Според информации објавнеи во медиумите, во нападот користено било и огнено оружје, но за среќа нема загинати во престрелката.
Најмалку пет лица се дале во бегство со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи беше запрена од полицијата и задржана на лице место.
Полицијата трага по избеганите. Минатата недела на само 300 метри од плоштадот во центарот на градот се случи професионална ликвидација на две лица со автоматски пушки, а сторителите се уште не се најдени.
Претходно беше киднапиран внукот на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски по кого полицијата се уште трага.
Be the first to write a comment.