Хрватските медиуми јавуваат дека тројца странски државјани доцна вечерва исчезнале на островот Сушац во Ластовскиот архипелаг, дознава Далмација Данас.
Информацијата неофицијално беше потврдена од повеќе извори, а подоцна вечерва потврда стигна и од станицата ХГСС Оребиќ.
– Во моментов работиме на организирање на акцијата. Сè уште немаме многу информации. Акцијата за спасување на тројца странски туристи е во тек, а екипи на ХГСС Оребиќ се подготвени, потврдија од ХГСС за Далмација Данас.
– Полицискиот брод ќе не’ префрли на местото каде што добивме пријава дека се водат за исчезнати странски државјани – заклучија од Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) Оребиќ.
Be the first to write a comment.