Момче на возраст од 22 години било пронајдено мртво во стан во Скопје вчера претпладне, соопшти МВР.

„На 27.07.2022 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат Г.А.(22) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, се вели во полициското соопштение.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.