Маж кој со нож влегол во сиропиталиште во Полска убил тинејџерка и повредил девет лица, соопшти денеска полицијата на градот Лоѓ.
Нападот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го уапсила напаѓачот и го истражува мотивот за нападот, изјавила за државната телевизија портпаролката на полицијата Анета Собјерај.
„За жал, како резултат на нападот, 16-годишна тинејџерка од сиропиталиштето, почина на самото место, а пет лица се хоспитализирани“, рече Собјерај, пренесе Ројтерс.
На останатите повредени им била укажана лекарска помош на лице место.
Be the first to write a comment.