Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, во која загинал мотоциклист, државјанин на Северна Македонија, јавува „Вијести“.
Во несреќата учествувале два автомобили и мотоциклист, кој починал на лице место.
Според Полициската управа, починатиот живеел во Цетиње, а се движел кон Подгорица, а на главата немал заштитна кацига.
Поради полициска истрага сообраќајот на автопатот од Подгорица кон Цетиње беше во прекин, поради што се формираа колони од Подгорица кон Цетиње во двата правци.
Сообраќајот е пуштен околу 17:40 часот.
Be the first to write a comment.