Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски објави статус на Фејсбук преку кој откри дека заработил скршеница на раката, откако паднал од велосипед.
Николовски вели дека повредата не е сериозна, па утре ќе им се врати на работните обврски.
„Кај нашиот народ обично се вели “крши нога” за среќа и успех. Вчера попладне спортувајќи, по пад од велосипедот имам скршеница на раката. За среќа повредата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене. Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кој беа во моментот на мојата несреќа и ми помогнаа“, напиша Николовски.
Be the first to write a comment.