Навивачката група „Балисти“ од Тетово слави 30-годишен јубилеј. Како што претходно најавија, вечерва приредуваат „досега невиден спектакл“. Стотици огномети, бакљи и други средства за славење за жестоките навивачи.

„Балистите“ од своето основање на секој натпревар стојат покрај клубот Шкендија е Тетово, но и на страната на албанската репрезентација.

Инаку, денес се одржа и меч кој со победата на Шкендија требаше да се заокружи овој роденден, но противникот Тиквеш беше појак и успеа да ја однесе победата.