Во сообраќајната несреќа што се случи утринава во 5 часот и 40 минути на автопатот А4 во правец кон Загреб, меѓу Јарек Бисаски и Подворец, неколку лица загинаа и повредени.
Како што пишува Вечерњи лист, повикувајќи се на извор од полицијата, несреќата се случила кога автобус со полски таблици излетал од патот.
Според досегашните информации, во оваа несреќа загинале неколку лица, а голем број се тешко повредени. На терен има повеќе екипи на Брза помош и пожарникари.
Поради несреќата сообраќајот на овој дел од патот се одвива по една коловозна лента.
Be the first to write a comment.