Најмалку 24 лица загинале откако циклон го погоди брегот на Бангладеш, соопштија денеска властите.
Дрвја и столбови за струја биле откорнати, а водата ги поплавила ниските области откако циклонот наречен Ситранг ја погоди областа во текот на ноќта.
Камрун Нахар од Канцеларијата за управување со катастрофи изјави дека досега 24 лица загинале поради циклонот. „Штетата се уште се проценува“, изјави таа за ДПА.
Cyclone #Sitrang
Bangladesh pic.twitter.com/Hs9Rot7KLt
— Earth & beyond (@umadevipavuluri) October 24, 2022
Тројца членови на едно семејство, меѓу кои и едно четиригодишно дете, загинале кога дрво паднало врз нивната куќа во Нанголкот во областа Кумили, повеќе од 100 километри југоисточно од главниот град Дака, изјави претставник на локалната власт Раџан Мехбуб.
Две лица загинале кога врз нив паднале дрвја во крајбрежната област Боли, изјави Тухидул Ислам, официјален претставник на окружната администрација.
🔴BANGLADESH :#VIDEO CYCLONE SITRANG HIT THE COAST BAY OF BENGAL EARLY TUESDAY!
Tropical Cyclone #Sitrang has strengthened to 40 knots over the past several hours & is forecast to continue INTENSIFYING.#BreakingNews #UltimaHora #CycloneSitrang #Ciclon pic.twitter.com/ysVAvHSiOW
— loveworld (@LoveWorld_Peopl) October 24, 2022
Тој рече дека невремето опустошило огромни полиња со земјоделски култури во областа на островот. Откорнати се многу дрвја и електрични столбови, додаде тој.
Уште една жена починала откако гранка од дрво паднала врз неа во југозападниот кварт Нараилу. Во другите случаи, еден човек загинал во Дака кога врз него се урнал ѕид од тули, додека две лица загинале откако нивниот мал брод се превртел во реката Џамуна во северозападната област Сирајгањ, соопштија официјални лица.
Владата евакуирала повеќе од 300.000 жители на крајбрежјето пред циклонот да удри на копното.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.