Да се потсетиме на еден настан од декември 2011 година, кој можеме да го окарактеризираме како веројатно најлудата тепачка која Македонија ја памети.
Имено, медиумите кон крајот на декември, пред 11 година пренесоа вест дека две сестри (32 и 30 години) од Штип се степале и си нанеле видливи повреди, додека заедно учествувале во групен секс.
– Чувствувајќи се запоставено за време на сексуалниот чин, едната сестра (помалата) ја нападнала другата, а во инцидентот учествувале уште една девојка од Штип и момче од Крива Паланка. Додека сите заедно имале групен секс избила тепачка каде учесниците се степале користејќи се што се нашло пред нив. Покусо не останале ниту момчето и другата девојка, објавија тогаш медиумите.
Тогаш ситуацијата во свои раце ја превзело момчето кое било од Крива Паланка. Откако го истурил својот гнев кон сите три девојки сите завршиле во болница.
– Поради сериозноста на повредите и отоци на главата, една од сестрите е задржана на понатамошно лекување. Другите по лекарската интервенција се пратени на домашна нега. Случајот бил пријавен и во полиција. Увидна екипа направила претрес во станот во кој се претпоставува дека подолго време се собирале мажи и жени на различна возраст и организирале сексуални забави и оргии. Полицијата испитува дали се работи и за простутуција, пишуваше тогаш весникот Дневник.
Be the first to write a comment.