Љубителите на фудбалот ги паметат комичните сцени од Африканскиот куп на нации кога на натпреварот помеѓу Тунис и Мали беше досуден крај 5 минути порано.

Но очигледно на луѓето во ФИФА не им пречеше ваквиот кикс на судијата Сиказве па тој вечерва ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Белгија и Канада.

Сепак, Замбиецот повторно креираше контроверзија и ги остави навивачите во неверица откако досуди офсајд и покрај тоа што Еден Азар врати топка.

За маката да биде поголема, фудбалерот од Канада, кој го собра подарокот од Еден Азар, беше фаулиран и требаше повторно да биде покажано на белата точка.