Индиец успеал да ја „оживее својата мртва сопруга“ откако потрошил речиси 3.000 долари за да го оствари тоа.

Тапас Сандиља (65) од Калкута, Индија ја загуби сопругата Индрани во 2021 година за време на пандемијата на корона вирусот. Пред нејзината смрт, Индрани му кажала на својот сопруг дека во случај да умре пред него, би сакала да и направат силиконски модел за да му прави друштво, пишува Сан.

Куклата – за која многумина велат дека е морничаво реална – е облечена во омилената облека на неговата сопруга и седи на нејзиниот омилен кауч во дневната соба.

Според зборовите на вдовецот, неговата покојна сопруга ја добила идејата од статуите што ги видела изложени во музеите.

– Тогаш Индрани ми кажа дека сака слична статуа ако случајно умре пред мене, изјави Сандиља.

„Само сакав да ѝ ja исполнам желбата“

Според Сандиља, за изработката на моделот биле потребни околу шест месеци и тежи околу 29 килограми. Сандиља не е единствениот кој успеал да направи кукла од својата сопруга.

Во 2020 година, друг маж во Индија направи силиконски модел на неговата сопруга која загина во сообраќајна несреќа. Според извештаите, куклата била толку реална што многу пријатели мислеле дека е вистинска личност.