Oсумнаесетгодишниот Јани Иванов од Неготино, познат во градот како голем вљубеник во планинарењето и велоспиедизмот, заврши со тешки повреди во соседна Грција и моментално е хоспитализиран на клиника во Солун.
Како што раскажува неговиот другар Петар Манев за „Фокус”, Јани заминал на еднодневно патување во Паралија со другарi, а при водени игри се здобил со тешки повреди на ‘рбетот.
Итно бил префрлен во болница, каде му биле извршени две комплицирани хируршки интервенции, а во наредниот период го очекувале најмалку уште две.
Појаснува дека неговите родители заминале во Грција и се покрај него, а трошоците за лекувањето, кои според првичните проценки требало да изнесуваат околу 50.000 евра, се испоставило дека ќе бидат многу повисоки.
Токму поради тоа, решивме да побараме помош од сите хумани граѓани. Можат да донираат средства на сметката на Јани, во тек е процедурата за отворање на телефони за донации. Организираме низа на хуманитарни настани во градот, за кои граѓаните навремено ќе бидат информирани. Ова е период кога треба да му помогнеме на нашиот другар и неговото семејство, бидејќи се работи за долго лекување, кое е доста скапо, вели Манев.
Сите хумани граѓани и општествено одговорни компании кои се можност, можат да донираат средства на 200 0038945580 43, Јани Иванов, Стопанска банка, со назнака донација.
Периодов ќе бидат поставени кутии за донации на повеќе локации во градот.
Be the first to write a comment.