“Мојата ќерка и убиецот беа во платонска врска два месеци. Секоја вечер разговараа по два часа. Таа беше на неговата монструозна листа за убиства. Во средата имаше часови во попладневната смена, но мораше да отиде од сабајле во школо за подготовка за натпревар. Не и се допадна да оди иако и реков дека треба. За среќа не ме послуша. Затоа таа денес е жива, изјави Татјана Саварезе, мајка на ученичка која се најде меѓу имињата на списокот на 13-годишниот убиец Коста К., кој во средата уби осум негови соученици и училишниот чувар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

– После се, ќерка ми ми рече: ‘Не ми се живее, ниту пак ми се излегува надвор’. Многу плачевме. Таа била блиска со некои од жртвите. Многу ги сакаше Ема и Андрија. Овие прекрасни деца никогаш нема да ги преболиме – раскажува потресената мајка која веќе контактирала психолог за помош бидејќи сама тешко се носи со целата трагедија, а не ни знае како да му помогне на своето дете. Девојката, иако во огромен шок, нашла сила да замине со својата пријателка да запали свеќа за учениците.

„Ова е второто најтрагично нешто што ми се случи во животот. Првата беше кога татко ми ненадејно почина во моите раце на 23 години“, раскажува Татјана, бизнисменка.

Нејзината ќерка (која е осмо одделение во истото училиште, инаку најелитното училиште во Белград во кое одат децата на угледни лица) и Коста во јануари биле заедно во јазичен камп во Франција. Таму беа десет дена. Татјана потоа ги запознала родителите на Коста додека ги чекале децата на враќање.

“Мојот впечаток е дека тоа се сосема нормални луѓе. Сигурна сум дека момчето било сакано и не било малтретирано. Не е точно дека не разговарале со него. И денес по трагедијата немам негативен став кон нив иако гледам дека другите го прават. А зошто го направи масакрот?Јас не сум верник ама верувам дека има нешто поголемо од нас. Некои едноставно се раѓаат зли, а немањето систем дополнително поттикнува. Во Србија сè се заснова на лицемерие и лаги. Вдовицата на криминалец ја нарекуваат „српска мајка“, тоа е општиот вредносен систем овде“, вели таа со многу горчина.

Таа раскажува дека на враќање од кампот се случила „платонска симпатија“ помеѓу нејзината ќерка и Коста. Се среќаваа повремено, неколку пати одеа во кино. Ќе ја чекаше пред зградата, ѝ изгледаше како обично момче, ништо поразлично.

„На ќерка ми ѝ беше интересен, двајцата разговараа на мобилен секоја вечер по два часа. Таа беше во нејзината соба. Не знаев за што зборуваат, а кога ја прашав што зборуваат толку многу, ќе ми кажеше дека зборува луди работи и дека затоа и е интересен, но тоа не беше ништо сериозно или загрижувачко. Тој никогаш не и кажа дека е заљубен во неа или дека има емотивни испади. Мојата интуиција на моменти ми кажуваше дека не е добро дете, но тоа не се некои сериозни мисли“, отворена е мајката и додава дека момчето било „цело исправено“, истакнато, без пороци.