Скопјанец вчера бил пронајден починат во домот на неговата мајка во Скопје. Според информациите, се работи за М.Д. (38) од Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.