На местото на падот на украинскиот авион Антонов Ан-12БК, пронајдена е непозната бела материја која предизвикала чувство на печење во очите и усните на оние кои се доближиле.
Припадниците на армијата и спасувачките тимови му наредиле на локалното население да не се приближува до местото на несреќата, да остане внатре и да ги затвори вратите и прозорците и да носи маски.
Забрането им е дури и да вклучат клима додека не се процени дека нема загаденост на воздухот.
Има многу материјал од авионот расфрлан по полињата, изјави за ЕРТ координаторот на противпожарната служба, додавајќи дека пожарникарите „чувствувале како ги печат усните и јазикот“.
Тој додаде дека мерењата на радиоактивноста не покажале ништо алармантно.
Мариос Апостолидис, генерал-полковник координатор на противпожарните служби на Северна Грција, изјави дека на местото на несреќата се испратени беспилотни летала и го надгледуваат местото на несреќата, пренесува Хелас Постен.
„Ние го третираме товарот како опасна супстанција“, рече тој.
„Има мали пожари со дијаметар од најмалку 500 метри. Забранивме пристап до областа, на жителите им беше препорачано да не се приближуваат, да бидат внимателни и да ги држат затворени прозорците. Чувствувавме печење на усните и јазикот и носиме маски. Не знаеме што не погоди“, рече Апостолидис.
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.