Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес – конференција изјави дека вечерва се случи класична монтажа.
Според него, требало да биде убиен тој или некој недолжен граѓанин. Вели дека ова нема врска со меѓуетничка нетрпеливост.
„Подолго време добивам информација за моја елиминација која ја нарачува власта. Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше никаде“, рече Мицкоски.
Вели дека ваквото сценарио го најави власта, односно министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Оваа слика јас ви ветувам дека нема да ја заборавиме“, кажа Мицкоски.
Тој рече дека хушкачи и власта одат против народот. Кажа дека тие имаат една страна, а тоа е страната на криминалот. Мицкоски најави дека нема да се повлечат, туку ќе одат до крај помасовно. Протестите продолжуваат утре во 19 часот.
Be the first to write a comment.