Поединци вечерва кон полицискиот кордон што ја обезбедува собраниската зграда фрлаа димни бомби, петарди и шишиња. За МИА од МВР потврдија дека се повредени двајца полициски службеници кои се хоспитализирани.

На собирот се појавија лица со „фантомки“ кон кои се стрчаа дел од учесниците на протестот и почнаа да ги бркаат.

Неколку лица кои фрлаа димни бомби и петарди беа опколени од толпата, за да престанат со насилствата.

Според полицијата, приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе.

Протестот досега беше мирен и без инциденти. Учесниците на протесто претходно запалија транспарент со фотографии на пратеници на кој пишуваше „предавници“.