Месар (61) починал вчера додека се обидувал да заколе свиња во Хонг Конг, соопшти градската полиција. Мажот сакал да ја заколе свињата, која веќе ја погодил со електричен шок, кога таа се освестила и го соборила, соопшти полицијата.

Колега пронашол онесвестен маж со нож во раката и рана на левата нога. Тој бил префрлен во болница, но подоцна било потврдено дека е мртов, ппренесува CNN.

Полицијата соопшти дека причината за смртта се уште не е утврдена, а истрага е покрената.

– Во најкраток можен рок ќе ја завршиме истрагата за да се утврдат причините за несреќата, да се утврди одговорноста на дежурните и да се препорачаат мерки за подобрување. Ќе преземеме мерки согласно законот доколку има повреда на законот за заштита на трудот, изјави портпаролот на секторот.

Одделот за хигиена на храната и животната средина во градот, кој управува со кланиците за добиток, изрази сочувство до семејството на човекот во соопштение.