Геј пар од Џорџија (САД), е обвинет за сексуално злоставување на нивните двајца посвоени синови и снимање на видео. Наводно ги продале и на членови на локален педофилски синџир, откри американскиот медиум „Townhall“.

Захари Џејкоб Зулак (35) и неговиот партнер Вилијам Дејл Зулак (33) наводно ги користеле социјалните мрежи за да ги проституираат своите два малолетни синови.

Вилијам, кој работи како јавен службеник и Захари кој работи како банкар, беа обвинети во август 2022 година за инцест, содомија, отежната злоупотреба на деца, сексуална експлоатација на деца и кривично дело проституција на малолетник.

Но, шокантната истрага подетално ја открива болната злоупотреба што ја претрпеле момчињата.

За прв пат е откриено дека мажите наводно ги продале своите посвоени синови, сега на возраст од 11 и 9 години, на уште двајца мажи во педофилски синџир.

Еден од мажите, 27-годишниот Кандер Клеј Лолес, им открил на властите дека Захари – кој се опишува себеси на Инстаграм како „татко на две прекрасни момчиња“ и „активист“ – го поканил „повеќе пати“ да учествува во сексуалниот напад на неговите малолетни деца, објави Townhall.

Сепак, 27-годишникот тврдел дека никогаш немал физички контакт со ниту едно од двете деца.

Полицајците одговарајќи на поплаките дека маж преземал детска порнографија, упаднале во домот во Логанвил, каде што нашле докази дека парот „вклучил сексуално навредливи дејствија и видео кое го документирало тоа злоставување“, соопшти тогаш полицијата.

Вилијам и Захари, кои се изјаснија за невини, се соочуваат со доживотен затвор доколку бидат прогласнеи за виновни.