Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во Собранието моментално нема доволно гласови за уставни промени, односно нема 80 пратеници, толку колку што бара Уставот.

Но, од друга страна тој рече дека владата е стабилна, и дека таа има доволно пратеници за поддршка.

„Бројот од 80 пратеници не постои во Парламентот. За иднината на Македонија, од оваа бројка од 80 пратеници ќе зависи евроинтерграцијата на земјата. Моментално Владата нема криза што се однесува до бројките, но има криза со обезбедување на доволно гласови за уставни промени и ова малку подалеку. Овде зборуваме за македонската опозиција која не сака да биде дел од уставните промени, другиот дел е само политички маркетинг“, рече Тачи.