Ноќеска (27 март), четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира полицијата.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.