Целиот живот на една жена се превртел наопаку кога нејзиниот сопруг решил да направи ДНК анализа која покажала дека тој не е биолошки татко на нивната ќерка. Но, тука работите почнуваат да се комплицираат бидејќи таа тврди дека никогаш не го изневерувала.
Анонимна жена открила на Редит дека нејзиниот сопруг се сомневал дека ќерката е негова, па решил да направи ДНК тест, кој докажал дека е во право. Сосема логично, поради ова изгубил доверба во сопругата и ја обвинил дека го изневерува.
“Никогаш не го изневерував. Тој сега мисли дека нашата врска е лага и сака да се разведеме. Не знам како се случи, но не можам да престанам да плачам цел ден. Никогаш не сум изневерувала. Го сакам мојот сопруг, заедно сме од факултет, тој е љубовта на мојот живот, тој е убав и љубезен. Покрај него, во животот спиев со уште двајца мажи, но тоа беше пред нашата врска. Нема друг потенцијален татко на нашата ќерка. Кога забременив, бевме во брак и активно работевме на бебе“, напишала една очајна жена.
Додала и дека не знае зошто направил „глупав тест бидејќи никогаш не би го изневерила“, но резултатите стигнале и тој сега е убеден дека тој не е таткото. „Не знам како да го убедам дека тестот е грешка, ужасно се плашам“. Оваа жена рекла и дека нејзиниот сопруг во последните месеци се однесувал поинаку и дека постојано ја обвинувал дека го изневерува, па решила да ја докаже својата невиност правејќи повеќе тестови – и тука работите се искомплицирале.
„Направивме неколку тестови, тоа се крвни тестови, за него, мене и нашата ќерка, имавме средба и со експерт за химеризам (химерус е организам составен од клетки кои имаат повеќе од еден различен генотип), но беше откажан затоа што, како што некои од вас претпоставија, ќерка ми биолошки не е моја, односно и јас не сум ѝ мајка.
Не знам како се случи, но ја тужиме болницата во која се породив. Не знам што се случи со моето бебе, ова е страшно. Мојот сопруг се врати, но мојот свет се уште е превртен наопаку, само посакувам никогаш да не го направеше тој глупав тест“, напишала жената.
Додала дека се плаши да не и ја одземат ќерката, но истовремено сака да знае каде е нејзината биолошка ќерка и дали е добро. Луѓето беа шокирани од оваа приказна.
„Што по ѓаволите? Не го очекував овој исход за милион години“, „Неодамна имаше еден таков случај на ин витро оплодување. Мајките всушност се породиле од ембриони на други жени“, напишале во коментарите.
Be the first to write a comment.