На социјалните мрежи како молња се шири видео од тепачка во ресторан за брза храна во Њујорк!
На видеото се гледа како маж се бори на едната, а група млади мажи од другата страна. Мажот дозволил групата напаѓачи да го удираат со тупаници во главата, но потоа посегнал по чантата и настанал хаос.
Пресметката се случила околу два часот по полноќ во ресторан за брза храна кога Мајкл Паласиос (31) сакал да влезе во тоалетот, но чуварот не му го дозволил тоа. Паласиос се расправал со него кога тројца гости во ресторанот се вклучиле во расправијата и му се заканиле дека ќе го претепаат.
Ситуацијата многу брзо ескалирала. По кратка тепачка Паласиос извадил секира од торбата и настанала тишина. За среќа, тој не нападнал никого со секирата, но направил голема материјална штета бидејќи искршил се околу себе.
Паласиос беше уапсен и призна во полиција дека претходно истиот ден бил отпуштен и дека бил фрустриран. На крајот доби само парична казна и беше ослободен.
@CrimeInNYC NYC always good for some chaotic mayhem. He didn’t hurt anybody, but could have been ugly ! pic.twitter.com/I6WvqROuGR
— Shakes Mcgoo (@McgooShakes) September 17, 2022
Be the first to write a comment.