Емилијано Мартинез беше херој на Аргентина со одлични интервенции во финишот од мечот и со одбранетиот пенал на Коман, но голманот на „гаучосите“ се посрамоти во церемонијата на доделување на наградите, кога признанието за најдобар чувар на мрежата на СП 2022 го стави во пределот на меѓуножјето и го насочи кон трибините.
Мартинез во изјава за аргентинските медиуми денеска обелодени дека тој гест бил насочен кон француските навивачи на трибините.
„Го направив тоа затоа што Французите цело време ми свиреа и ме навредуваа. Не сакам кога луѓето се арогантни кон мене, тоа беше мој начин да им вратам. Што се однесува до самото финале, имаа три удари на гол и постигнаа три погодоци. На крајот сепак, се добро се заврши за нас“, изјави Мартинез.
Be the first to write a comment.