Аргентина е нов светски шампион откако во финалето по изведување на пенали ја совлада Франција. Еден од хероите на „гаучосите“ е голманот Емилијано Мартинез кој фати два пенали, и имаше интервенција во 122. минута еден на еден со Коло Муани.

Сепак, тој повторно покажа големо непочитување кон фудбалот, откако добиеното признание на најдобар голман го стави меѓу нозете што е навистина недолично за едно финале на Мундијалите.