Познатиот македонски ракометен тренер Андон Бошковски почина на 47 години. Потекнувајќи од ракометно семејство, Бошковски целиот живот го посвети на овој спорт.

Откако рано ја заврши играчката кариера поради повреда, Бошковски во 2004 премина во тренери, што го одведе во бројни клубови, но и во машката репрезентација.

Како главен или помошен тренер работеше во Работнички, Металург, Младост, Вардар, Струга, Тинекс Пролет, Еурофарм Работник, но и во Романија и Косово, каде што го имаше последниот ангажман. Беше селектор на Грузија и дел од стручниот штаб на македонската репрезентација на неколку големи натпреварувања.

Бошковски почина неполни четири месеци по неговиот татко Лефтер.