Македонија кубури со кадар. Годишно недостасуваат 10.000 работници. Најмногу во градежништвото и туризмот. Токму од градежниот сектор за една година си заминале над 12.600 лица, објави Синдикатот. Ја напуштаат државата за подобри услови и подобра плата, вели вицепремиерот Битиќи. Затоа сега ќе бараме работници од странство.
– Бегаат за повисоки просечни плати. Кај нас 550 евра е просечна плата каде што одат да работат е 1.100 евра, а земјите од каде што најверојатно ќе доаѓаат, просечната плата е 200 евра, тоа е природен циклус на движење, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Проблем со работната сила имаат и странските компании кои работат во земјава. Затоа најголем дел од нив преку дуалното образование се трудат да ги обезбедат потребните квалификации. За ваквата состојба германскиот амбасадор смета дека и државата треба да преземе одговорност, но и да ги намали бирократските процедури.
– Во однос на постапките тука секој оној кој води бизнис сака сите тие постапки да бидат брзи и ефикасни и онаа земја која тоа ќе го понуди ќе ги привлече инвеститорите. Се надевам дека земјава ќе ги забрза сите постапки, изјави Ото Граг, амбасадор на Германија во земјава.
И додека земјава ќе бара да увезе работници од Истокот, пред се од Бангладеш и Пакистан, дел од Македонците ги пакуваат куферите за Германија, Хрватска и Англија. Германија ги олесни прецедурите за виза а престој и наредниот период планира да вработи 50 илјади работници од Балканот. Исто толкава бројка недостасува и во Англија, а во Хрватска се бараат над 10 илјади. Во моментов во земјава има околу 112,000 невработени, но 65% од нив се со основно или без завршено средно образование.
Be the first to write a comment.