Цветан Стојановиќ од кумановско Четирце во 2006-та година години се повредил работејќи градежни работи на црно.
– Работев во Скопје, во Драчево, градежни работи навечер, на кровна конструкција на приватна куќа. Газдата ме држеше на црно, како и другите. Тој не плаќаше никакви давачки на државата. Не бев пријавен, ме удри струја од десет илјади волти. Куќата беше висока, далноводот беше оддалечен пет-шест метри. Со шипка ја поткачив, ме удри струја, паднав во полубессознание и ме однесоа во болница, каде што поминав три месеци, вели Стојановиќ во сторијата за повеќе македонски медиуми пред неколку години.
Се здобил со изгореници од трети и четврти степен на ногата, имал несоници, потекување на ногата. Како што рече тогаш, има и болки при секоја промена на време.
– Имав изгореници од трети и четврти степен на ногата, имав несоници, потекување на ногата, сега е никако. Имам болки на секоја промена на време, додава Цветан.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.