ФБ статусот на Зоран Витанов кој наиде на реакција од профилот наречен „Адвокат“ на социјалната мрежа Фејсбук
– Иронијата на Македонската економија е што очајно ни требаат глобални дигитални бизниси, а правиме максимални напори да ги оцрниме истите! 😉 Но, за среќа, во секој од нас има доволно сили ако имаме јасна визија, да им се спротивставиме на сите реалисти кои упорно ни ја покажуваат денешната реалност наместо утрешната можност, со предупредувањето: “а што ако не успееш”? Вистинското прашање е: “Дали денес Македонија е успешна економска приказна?” Не? Денес нема ни леб?! Па прашајте го обратното: “А што ако успееш?” На здравје за сите визионери!, напиша Витанов.
По ваквиот статус на Витанов, „Адвокатот“ го прозва и му забележа за следново:
Стварно не ми е јасно кој фактор е човеков за да кажува за “дигитални бизниси”, кога неговиот Лајонес во Австрија е прогласен за пирамидална шема.
На иста бранова должина го ставам со казина, кладилници, брзи кредити, …. Не се криви бизнисите, туку институциите во државава што наместо да се едуцираат младите, дозволува да функционираат перални на мозоци и перални на пари и да ни ја пустат младината.
Без мотика, нема леб. Без работа, нема пасивен доход. Со инвестиции може да се збогатиш ако веќе имаш преку 20-30 илјади евра, соодветно образование и големо искуство во инвестиции. Но, со инвестирање во туѓи бизниси каде што ќе те врбуваат да врбувап други луѓе да инвестираат и притоа нема никаков обрт на парите, може да се збогати само оној на “врвот” на пирамидата.
На ова Витанов му одговори кратко во коментар:
– Па прашајте ме мене, кого прашувате, воздухот? Еве, “адвокат” сте, ПОКРЕНЕТЕ ПОСТАПКА!
Be the first to write a comment.