Австриската полиција влегла во трага на пар (сопругот 64, сопругата 63 години) кои нашле профитабилен бизнис модел во намалувањето на бројот на поминати километри на половни автомобили.

На почетокот на април, полицаец запрел возило при рутинска сообраќајна контрола. Возачот, по потекло од Северна Македонија, направил повеќе прекршоци, а налепницата од техничкиот преглед на возилото била лажна.

Полицијата копала малку подлабоко и набрзо открила дека возачот продал осум користени автомобили со манипулирана километража.

Како што пренесува heute.at, брачните партнери ја вратиле километражата на едно Audi за цели 200.000 километри. Двајцата најчесто тргувале со возила Audi и Škoda.

Според полицијата, најмалата забележана манипулација со километражата била 60.000 километри.